Лекување на дијабетес


Лекување на дијабетес со Алое Вера

Дијабетес ( шеќерна болест) – лекување на дијабетес со алое вера!


Влијанието на Алое Вера врз дијабетесот


Шеќерната болест е хронично заболување кое се појавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин или пак кога веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи.
Инсулинот е хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта.
Хипергликемијата или покаченото ниво на шеќер во крвта е честа компликација од неконтрoлираниот дијабет, која доколку не се третира во подолг временски период предизвикува сериозни оштетувања на телесните органи, поготово на нервниот систем и крвните садови.
Постојат три типови на дијабес и тоа се:
  1. Тип 1 дијабетес
  2. Тип 2 дијабетес
  3. Гестациски дијабет
Предијабетес е состојба во која индивидуалци имаат покачен шеќер во крвта, но сепак не можат да се вбројат во класата на дијабетичари.
Овие луѓе имаат зголемeн ризик за појава на дијабет тип 2, срцеви заболувања и мозочен удар.

Дали постои можност за превенција?

Кога зборуваме за дијабетес, превенцијата игра голема улога.
За жал, засега не постои превенција за дијабетес тип 1.
Превентивните мерки главно се насочени кон тип 2 дијабетес.
Прво и основно треба да се внимава на исхраната и да се одржува идеалната телесна тежина.
Треба да се спроведува балансирана здрава диета. Тоа значи да консумираме повеќе зеленчук, овошје и риба, а помалку тестенини, масти и брза храна. Физичката активност треба да биде рутинска работа.
На пример, брзото одење 30 минути секој ден го намалува ризикот да заболите од дијабетес тип 2 за 40%.
Редовнaта физичка активност го подобрува искористувањето на инсулинот од страна на организмот и помага во намалувањето на нивото на шеќер во крвта.
Вежбањето, исто така, ги намалува мастите, крвниот притисок и штити од срцеви заболувања.
Една од причините за појава на дијабетес е и стресот, па затоа задолжително е да го контролирате и да се потрудите да се ослободите од него.
Пушењето тутун треба да го заборавите, а ноќното спиење да биде од 6 до 9 часа.
Широкиот спектар на здравствени придобивки од Алое Вера ги вклучува и неговите антидијабетички својства.
Емодиин е активна состојка во Алое Вера и има хипогликемични својства.
Таа содржи два вида на влакна, слуз и глукоманнан, кои покрај и покрај тоа што предизвикуваат  чувство на ситост, помагаат во регулирањето на апсорпцијата на шеќер.
Од друга страна, таа е богата со фруктоза, форма на шеќер што полека се апсорбира. Ова ја спречува хипергликемијата.
Алое Вера гелот го детоксифицира телото, помагајќи да се отстрани вишокот на гликоза во крвта.


Коментари

Популарни постови са овог блога

Zapoznajte gi proizvodite na Forever Living Products

Recovering Night Creme – регенерирачка ноќна крема